Хјонг – Мин Сон служи војска: Сите во војнички чизми, тој во патики?!

Јужна Кореја е една од земјите во која воениот рок е задолжителен, и тоа две години, но како врвен спортист Хјонг – Мин Сон има неверојатна можност да го отслужи за само еден месец. Тој одлучи прекинот на првенството во Премиер – лигата поради коронавирусот да го искористи за да ја одработи обврската кон родната земја. Напаѓачот на Тотенхем е распоредем во специјалниот одред на маринци, но и таму сепак има одредени повластувања.

Осамна фотографија на која сите војници се во полна воена опрема, но Хјонг – Мин Сон е облечен во патики и тренерки. Секако, ќе мора да го мине задолжителниот курс на маринците, но тоа и нема да му биде голем проблем со оглед на неговата физичка подготвеност. Кон крајот на мај јужнокорејскиот фудбалер ќе биде ослободен од обврските кон војската и ќе може да се врати во Лондон за да го облече дресот на Тотенхем.

Се вчитува...