Хјустон поразен на стартот од новата НБА сезона, Јокиќ доминираше за Денвер

Екипата на Денвер славеше на гостински терен против ЛА Клиперс со 98-107 во првиот свој натпревар од новата НБА сезона.

Одлична партија реализираше Србинот Никола Јокиќ кој постигна 21 поен, дополнети и со пет асистенции и осум скок. Кај домашните најефикасен беше Харис со 19 поени и 10 скока.

Детроит победи против Бруклин со 103-100, предводен од Грифин со 27 поени, додека Драмонд запиша 24 поени. Кај гостите најефикасен беше Леверт со 27 поени.

Хјустон запиша пораз на отворањето на сезоната и тоа на домашен терен од Њу Орлеанс со 112-131. Пеликанс до победата ги водеше Ентони Дејвис со 32 поени и 16 скока, додека Никола Миротиќ дополни со 30 поени. Кај домашните потфрли Џејмс Харден со само 18 поени, а Крис Пол имаше 19 поени. Новата ѕвезда на екипата, Кармело Ентони имаше само 9 поени за 27 минути игра.

Од останатите резултати вредна за издвојување е победата на Торонто против Кливленд од 116-104 со 24 поени и 13 скока на Каваи Леонард. Феникс славеше против Далас со 121-100. Кај гостите Лука Дончиќ имаше 10 поени со 8 скока и четири асистенции.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Шарлот – Милвоки 112-113, Индијана – Мемфис 111-83, Орландо – Мајами 104-101, Феникс – Далас 121-100, Торонто – Кливленд 116-104, Сан Антонио – Минесота 112-108, Сакраменто – Јута 117-123, ЛА Клиперс – Денвер 98-107, Њујорк – Атланта 126-107, Хјустон – Њу Орлеанс 112-131, Детроит – Бруклин 103-100.

Се вчитува...