Хјустон Рокетс има нов тренер

Стивен Силас е назначен за нов тренер на Хјустон Рокетс. Тој со франшизата од Тексас потпиша четиригодишен договор, а во Хјустон преминува од Далас Маверикс каде работеше како помошник на Рик Карјлајл. Силас во Хјустон ќе го наследи Мајк Дантони кој по крајот на минатата сезона го напушти клубот. Тренерот кој е со потекло од Бостон до сега немаше искуство како главен тренер.

Покрај во Далас тој како помошник работеше и во Шарлот, Њу Орлеанс, Кливленд и Голден Стејт. Како што пренесуваат американските медиуми најголема причина за неговиот ангажман е исклучително успешната работа со Лука Дончиќ, Стеф Кари и Кемба Вокер.

Се вчитува...