Хјустон создава „страшен“ тим: Доаѓа и Кармело Ентони!?

Хјустон подготвува „страшен“ тим за новата НБА сезона очекувајќи го во своите редови и Кармело Ентони, кој наскоро треба да биде слободен играч.

Ентони пред неколку дена беше трејдован за Денис Шродер од Оклахома во Атланта, но веднаш потоа е најавено дека ја напушта Атланта. За неговите услуги сега се заинтересирани Хјустон и Мајами кои се подготвени да направат се за да го ангажираат.

Генералниот менаџер на Хјустон, Дарил Мареј истакна дека Мело е во комбинација за доаѓање во Хјустон. На негово доаѓање се надева и главната ѕвезда Џејмс Харден кој потенцираше дека би било одлично во тимот да се има Кармело.

Интересно е дека минатата сезона поранешниот кошаркар на Њујорк никс запиша дури 169 тројки, што е негов личен рекорд. А Хјустон е тим кој „живее“ од тројки, па Мело сигурно добро би се вклопил.

Се вчитува...