Хјустон уште посилен – Кармело Ентони станува „ракета“

Хјустон рокетс нема лесно да се предаде во наредната НБА-сезона, откако овој клуб реши да донесе и трета олстар ѕвезда во своите редови, крај Џејмс Харден и Крис Пол. Станува збор за 34-годишниот Кармело Ентони, кој ќе го раскине договорот со Атланта хоукс и ќе добие зелено светло за преселба во Хјустон и атак на првиот шампионски прстен во кариерата.

За услугите на Кармело се интересираа уште неколку клубови, но тој го избра Хјустон поради амбициозноста на пректот, согласувајќи се на плата од скромни 2,4 милиони долари за едногодишен договор, што е минималец кога станува збор за НБА-ветерани.

Само за потсетување, Ентони се пресели во Атланта како дел од трансферот со кој Оклахома сити го доведе Денис Шредер. Сепак, „јастребите“ веднаш ставија до знаење дека 12-кратниот олстар играч не им е неопходен, согласувајќи се на раскин на договорот, со што му дадоа одврзани раце Кармело самиот да ја избере својата следна дестинација.

Се вчитува...