Хлеб: Во Барселона се скарав со Гвардиола и бев навреден

Поранешниот играч од средниот ред Александар Хлеб, призна дека додека бил во Барселона имал жестока караница со тренерот Пеп Гвардиола.

„Се борев со сите сили против Гвардиола. Ме навреди. Му реков дека лично ми се јави да ме донесе во клубот, а ме ставаше на секој втор натпревар и тоа од клупата“, рече Хлеб.

Тој рече дека морал да издржи и да истрпи, затоа што тоа е така во силните клубови.

„Морав да издржам, да се борам, да давам се од себе на тренинзите. Морав да бидам најдобар секогаш на теренот, а не да губам време искажувајќи ги незадоволствата“, рече Хлеб.

Се вчитува...