Хоакин објави пензија на крајот од сезоната: Сакам да бидам пожарникар или порно актер

Познатиот шпански фудбалер Хоакин Санчез Родригез кој има 40 години, објави дека сезонава ќе му биде последна во неговата професионална кариера. Хоакин веќе неколку години се „подготвува“ за пензија, но сега официјално рече дека е крај. Ќе остане сезонава да му помогне на Бетис, а потоа ќе ги закачи копачките на клин.

Крилниот фудбалер во иднина ќе работи како ТВ водител на забавно шоу, а потоа и консултант.

„Знам дека ќе ми недостасува фудбалот, но со 40 години време е да завршам. Ќе бидат во иднина ТВ водител. Тоа ќе биде забавна програма полна со хумор и смеа. Сакам да учам и за нови работи“, рече Хоакин.

Новинарите го прашаа што навистина би сакал да работи после кариерата.

„Што сакам да работам? Сега серозно – сакам да бидам пожарникар или порно глумец! Многу би сакал да бидам пожарникар, тоа е одлична професија, да го почувствуваш адреналинот кога ќе го чуеш алармот за пожар и мораш брзо да интервенираш. За порно актер мислам дека не би бил доволно добар“, рече Хоакин.

Се вчитува...