Хоџсон: Ритамот во Премиер – лигата ќе ги уништи фудбалерите

Божиќ, Нова Година, тоа не е причина за одмор во Премиер – лигата. Пкнекогаш имаат само еден ден одмор од еден до друг натпревар, а менаџерот на Кристал Палас, Рој Хоџсон, вели дека тоа ги уништува фудбалерите.

Кристал Палас во сабота е домаќин на Вест Хем, а во сабота му гостува на Саутемптон. Циклусот продолжува четири дена подоцна со дуелот против Норич.

„Ова е многу опасен период. Мислам дека ги уништува фудбалерите. Натпреварите се многу интензивни, а некогаш имаме само еден ден одмор. Тоа не може никој да го издржи и се јавуваат огромен број повреди во сите тимови. Понекогаш многу повеќе се радувам на тренинзите“, изјави Рој Хоџсон.

Тој не може да смета на голем број фудбалери поради повреди. Надвор од ритам се Скот Дан, Гери Кејхил, Џо Ворд, Џефри Шлуп и Ендрју Таунзенд.

 

Се вчитува...