Хојлунд: Цел тим е со Ерик тен Хаг!

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Расмус Хојлунд застана во одбрана на менаџерот на „црвените ѓаволи“, Ерик тен Хаг, по уште еден неуспех на тимот.

Манчестер Јунајтед е поразен во четвртото коло од групната фаза на Лигата на шампионите од Копенхаген во Данска со резултат 4-3. „Црвените ѓаволи“ имаа два гола предност при исклучувањето на Маркус Рашфорд, а потоа му дозволија на ривалот експресно да постигне два гола за израмнување, а потоа со нов пресврт триумфираа.

„Тен Хаг е одличен тренер. Се грижи за секој детал и многу ми значи неговата помош – ми дава самодоверба и често ми дава време. Верувам дека целиот тим стои зад него. Се надевам дека е само прашање на време кога Манчестер Јунајтед ќе се врати на патот кон успехот. Првите 30 минути од натпреварот на Паркен се веројатно едно од нашите најдобри изданија оваа сезона“, изјави Хојлунд.

Се вчитува...