Репрезентацијата на Холандија ја победи Шведска со 5:1 во натпреварот од второто коло на Светското првенство во 2026 година.
Серијата без пораз на Холандија на Светските првенства сега изнесува 14 натпревари (не сметајќи ги поразите во изведувањето на пенали), со што е соборен рекордот на Бразил, кој беше помеѓу 1958 и 1966 година.
Последниот пораз на Холандија беше во финалето на Светското првенство во 2010 година, кога загубија со 0-1 од Шпанија, и така не успеаја да го освојат пехарот.
На Светското првенство во 2014 година, холандската репрезентација заврши на третото место, губејќи од Аргентина на пенали во полуфиналето.
Тимот го пропушти Светското првенство во Русија во 2018 година, а во 2022 година Холандија повторно загуби од Аргентина во изведувањето на пенали во четвртфиналето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
