Холандија и Белгија формираат заедничка фудбалска лига

Клубовите од Холандија и Белгија изгласаа заедничка фудбалска лига која би го ноесела името БеНЕлига. Лигата својата премиерна сезона треба да ја има во 2022/2023, а сезона 2021/2022 треба да одреди кои тимови ќе бидат дел од неа.

Деветте провпласирани од Белгија и Холандија ќе бидат  дел од новоформираниот шампионат. Лигата ќе ја сочинуваат 18 клуба, а во Лигата на шампионите би се пласирале првите две, а од 3. до 5. место ќе настапуваат во Лигата на Европа.

Куп натпреварувањата ќе останат посебни, а шампионите од холандскиот и белгискиот куп исто ќе се квалификуваат во Лигата на Европа.

Се вчитува...