Кризата во холандскиот репрезентативен фудбал уште повеќе се продлабочи откако оваа селекција по ЕВРО 2016, не успеа да обезбеди пласман ниту на мундијалот што следното лето ќе се одржи во Русија. „Лалињата“ вечерва со двата гола на Арјен Робен славеа над Шведска, но тоа беше недоволно за да се стигне до второто место и баражот, во ситуација кога избраниците на Дик Адвокат бркаа позитива од недостижни седум гола против силниот ривал.
Првото место во оваа група го освои Франција по победата од 2-1 над Белорусија. Во главна улога беше Антоан Гризман, кој го постигна првиот и му асистираше на Жиру при вториот погодок за „триколорите“, пред гостите уште во првото полувреме да го постигнат почесниот погодок.
Португалија го фати последниот воз за мундијалот, откако европскиот првак го доби клучниот меч против Швајцарија со 2-0 и го освои првото место во својата група. Жоао Марио го отвори резултатот со помош на гостинскиот дефанзивец Џуру, а конечните 2-0 на самиот почеток од вториот дел ги постави Андре Силва. Така, Швајцарците и покрај 27-те освоени бода од можните 30, на крајот сепак ќе мораат преку бараж да се борат за руска виза.
ГРУПА А: Франција – Белорусија 2-1, Холандија – Шведска 2-0, Луксембург – Бугарија 1-1.
Табела: Франција 23, Шведска 19, Холандија 19, Бугарија 13, Луксембург 6, Белорусија 5.
ГРУПА Б: Португалија – Швајцарија 2-0, Летонија – Андора 4-0, Унгарија – Ф. Острови 1-0.
Табела: Португалија 27, Швајцарија 27, Унгарија 13, Ф. Острови 9, Летонија 7, Андора.
ГРУПА Х: Белгија – Кипар 4-0, Естонија – БиХ 1-2, Грција – Гибралтар 4-0.
Табела: Белгија 28, Грција 19, БиХ 17, Естонија 11, Кипар 10, Гибралтар 0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА