Холдинг поцрвене па Тотенхем го „реши“ Арсенал во лондонското дерби

Тотенхем стави крај на серијата од четири победи во низа на Арсенал и приреди неизвесен крај на сезоната и битката за место во Лигата на Шампионите следната година откако во заостанатиот натпревар 22. коло славеше со убедлви 3-0.

„Петлите“ поведоа во 22. минута преку Кејн кој беше сигурен од белата точка, а работата им ја олесни Холдинг кој по жолтиот картон во 26. минута поцрвене во 33. минута. Само четири минути му требаа на Тотенхем да ја зголеми предноста на 2-0 преку Кејн, а веќе на отварањето на второто полувреме и ги запечати новите три бода преку Сон.

Со триумфот во лондонското дерби Тотенхем стигна на заостаток од само еден бода за „топџиите“ кои се наоѓаат на четвртото место на табелата па патникот во „елитата“ на европскиот фудбал ќе биде решен во последните две кола во кои Арсенал ќе се сретне со Њукасл и Евертон, а Тотенхем со Барнли и Норвич.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...