Хорор кој не се памети: Голман со „кунг фу“ нокаутираше фудбалер, а после му се нафрли на судијата и протестираше! (ВИДЕО)

На фудбалската сцена е евидентиран еден од најлудите фаули, а овој „кунг фу“ удар е виден во Лигата на шампионите во Азија помеѓу Тунис Есперанс и Либиски Ал-Итихад! Добро се сеќаваме што му направи Харолд Шумахер на Патрик Батисон на Светското првенство во 1982 година, а речиси три децении подоцна голманот Муаид Елафи одлучи да го повтори овој потег, па видеото од страшниот прекршок брзо стана вирално на социјалните мрежи.

Есперанс поведе со 1-0 и беше на прагот на победата, а Ал-Итихад тргна со сите сили во напад и остави многу простор за контранапади, па Хамду Елхуниул имаше можност да го реши натпреварот во 75. минута. Меѓутоа, кога излезе пред Елафи, голманот со „кунг-фу“ удар го собори. Директно, со нога во глава, за црвен картон!

Звучи малку бизарно што сепак се побуни на судијата, иако за малку ќе го оставеше во кома својот противник, па со право беше исклучун и порано го напушти мечот.

 

Се вчитува...