Хорор во Еквадор: Пукале во толпа што гледала СП на плоштад, убиено 16-годишно девојче

Информации за страшен настан пристигнуваат од Еквадор, каде едно лице го загуби животот во пукање кон толпа што гледала фудбал на градскиот плоштад во Ибара.

Станува збор за град северно од Квито, каде стотици фанови биле собрани за заедно да го следат дуелот на нивната национална селекција.

Настанот се претворил во кошмар откако две лица отвориле оган почнувајќи да пукаат кон толпата, при што животот го загубило едно 16-годишно девојче, а уште три лица се наоѓаат во критична состојба.

Полицијата успеала да го фати лицето што го убило девојчето, неговиот партнер успеал да побегне, но е идентификуван и потрагата по него продолжува. Според полициските извештаи, цел на платените убијци било да се застрела конкретен човек што бил присутен во толпата, но планот се изјаловил, што резултирало со хорор пукотницата во центарот на Ибара.

Се вчитува...