Хорор во Рим: „Ајде да ги убиеме сите!“

Девет навивачи на Реал Сосиедад беа избодени со нож во центарот на Рим во пресрет на натпреварот на баскискиот тим против Лацио во Лигата на Европа (четврток, 21.00 часот).

Вечерта пред натпреварот беше одбележана со немили сцени во непосредна близина на Колосеумот, каде во пабот „Финеган“ се собраа околу 70 навивачи на Сосиедад.

Околу 22 часот, група од 80 навивачи на Лацио ги нападнала и во таа прилика избодела девет членови на ривалската фракција.

Следуваше бркотница по улиците на главниот град на Италија, снимена од граѓаните од нивните тераси

„Ајде да ги убиеме сите“, се слуша во еден момент на видеото.

Се вчитува...