Хорор за Филаделфија: Ембид се повреди во најлош момент

Филаделфија скапо ја плати последната победа над Торонто за пласман во полуфиналето од Источната конференција, по незгодната повреда што ја заработи Џоел Ембид.

Доминантниот центар настрада откако беше удрен со лакот во главата од Сиакам, а деталните прегледи утврдија сериозен проблем. Имено, Ембид има потрес на мозокот, но исто така и напукната коска на очната шуплина. Филаделфија објави дека овој кошаркар ќе биде „во аут“ на неодредено време, засега лекарите не можат да прогнозираат дали тој ќе може да се врати за полуфиналната серија со Мајами на која помошта на Ембид дефинитивно би била драгоцена за неговиот тим.

Џоел Ембид ја игра најдобрата сезона во својата кариера, во просек постигнувајќи по 30,6 поени, 11,7 скокови и 4,2 асистенции по натпревар.

Се вчитува...