ХОРВАТ ДОО го комплетира своето целосно ребрендирање во АРМОР+

Хорват ДОО, добро познатата компанија за против пожарни услуги и производи за заштитна опрема го комплетираше своето целосно ребрендирање. Компанијата денеска го презентираше своето ново име ARMOR+ под кое остануваат истите стандарди на квалитет во работењето.

АРМОРПЛУС ДОО е новото име на веќе познатата компанијата ХОРВАТ ДОО. Од декември годинава, компанијата се претставува во јавноста со ново име и ново лого, а од 26 декември промената на името ќе биде внесена и во Централен Регистар на РМ, со што официјално процесот на ребрендирање ќе биде комплетиран, а Арморплус ДОО ќе започне со работење под ново име. Целта позади оваа промена е компанијата да изгради меѓународно силен и препознатлив бренд во името на ARMOR+.

Компанијата е присутна на пазарот за лични заштитни средства како производител, увозник и дистрибутер од 2002 година и како таква ги дефинира стандардите на работење.  Во текот на 2010 година станува членка на PASTOR GROUP од Хрватска и со тоа отвора уште една нова перспектива во областа  на противпожарните услуги и производи, опрема и решенија за зголемена сигурност, спасување живот, имот и околина.

Во нејзиниот домен на работење покрива разновидни сегменти и програми како лични заштитни средства, противпожарни апарати, комплетна понуда на противпожарна опрема, специјални програми, сервис, едукација и контролно испитување на опрема. Сите колекции на ARMOR+ се изработени и сертифицирани согласно на европски стандард и директива. Компанијата вложува и континуирана работа во поглед на едукацијата на своите вработени и клиентите во сите области, во форма на семинари, саеми, обуки, презентации и консултации за потребите на купувачите.

армор лого

Покривајќи ги сиве овие програми, во потрага по колекција за современа и модерна работна облека е создаден и основниот бренд ARMOR +, кој е инспириран од современиот начин на живот и менување на условите за заштита при работа.

Покрај своето ребрендирање, ARMOR+, како општествено одговорна компанија, ја презентира и иницијативата за соработка со Здружението за хумано – општествен развој „Проект Среќа” Скопје во општествено одговорниот и хуман проект „Музика за душа”. Имено, компанијата ќе одвојува парични средства во вредност од 1 евро од секоја своја остварена продажба од колекциите на работна облека од брендот ARMOR +, кои ќе бидат наменети за изградба и опремување на музичката просторија во детскиот дом за деца без родители „11 Октомври” – Скопје.

Со ова, компанијата ARMOR+ го заокружува процесот на свое целосно ребрендирање, по кое продолжува да работи со истите високо поставени стандарди на работење. Во ново име, продолжува со стимулирањето за користење на лични заштитни средства при работа, кое отсега ќе резултира и во финансиска помош за најранливите категории во општеството.

Комерцијален текст

Се вчитува...