Хорват: Македонците не се наивен тим

Хрватска е третиот ривал за македонскиот ракометен тим на Светското првенство во Германија. По двете стартни победи против Јапонија и против Бахреин, ова е првиот голем предизвик за „црвено-жолтите“ на Мундијалот. Хрватите се класа за себе, но искусниот Златко Хорват има голем респект за дружината на Кире Лазаров.

„Мислам дека одигравме цврста одбрана против Јапонците и излеговме на крај со брзите Јапонци. Но, сега следи Македонија. Тие не се наивен тим, предводени се од одличниот Кире Лазаров. Но, ние планираме да ги освоиме бодовите, тоа е сосема јасно“, изјави Златко Хорват за хрватските медиуми.

Се вчитува...