Хозе Пекерман ја презема клупата на Аргентина?

Фудбалската репрезентација на Аргентина доживеа уште едно разочарување на Мундијалот во Русија, а цената за тоа ја плати селекторот Хорхе Сампаоли. Сега „гаучосите“ се во потрага по нов стратег кој би го преземал кормилото на националниот тим, а веќе се издвои најсериозниот кандидат. Тоа е Хозе Пекерман, актуелниот селектор на Колумбија, на кого договорот му истекува во август. Аргентинците сакаат тоа да го искористат и да го ангажираат, откако стана јасно дека Пеп Гвардиола, менаџерот на Манчестер сити, е недостижен за подолг период.

За Пекерман тоа би било враќање на клупата на Аргентина, која ја водеше во периодот од 2004 до 2006 година. Тој веќе шест години е селектор на Колумбија и се најавува дека ќе се раздели од оваа функција.

Се вчитува...