Хозе Пекерман си замина од кормилото на Колумбија

Аргентинскиот стратег Хозе Нестор Пекермен после шест години го напушти кормилото на фудбалската селекција на Колумбија. Тој одлучи да поднесе оставка после елиминацијата на пенали од Англија на СП во Русија, а во текот на денешниот ден имал и финални разговори со челниците на Фудбалската федерација на Уругвај. На состанокот Пекерман и дефинитивно потврдил дека ја напушта репрезентацијата.

До именувањето на нов селектор, фудбалската селекција на Колумбија ќе ја предводи неговиот досегашен помошник, Артуро Рејес. Тој ќе дебитира на пријателскиот натпревар со Венецуела.

Се вчитува...