Вест Хем Јунајтед по сезонаа 2016/17 повторно ќе биде дел од Лига Европа, но за разлика од тогаш кога „чекичарите“ беа елиминирани во последниот дел од разигрувањето за влез во групната фаза, овој пат ќе бидат дел од истата.
Со таа цел лондонскиот клуб и покрај добриот почеток на сезоната цели кон нови засилувања. Прв на прагот на премин во Вест Хем е Курт Зума од Челси, а како второ засилување се очекува хрваскиот репрезентативец Никола Влашиќ кој е втора опција по пропаѓањето на преговорите со Џеси Лингард, пренесуваат англиските медиуми.
Хрватот кој веќе има искуство во Премиерлигата бранејќи ги боите на Евертон, беше трансфер цел и на Милан ова лето, но за услугите на 23-годишникот руската ЦСКА бара 25 милиони евра, сума која „росонерите“ не можеа да си ја допуштат.
Зад Влашиќ е успешна сезона во руското првенство каде на 26 одиграни натпревари забележа 11 погодоци, а пет пати беше асистент. Притоа постигна и гол за Хрватска на Европското првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА