Хрватите броеја „сигурен медал“, но останаа со празни раце

Сандра Перковиќ ја навикна хрватската јавност на освојување на златни медали на големите натпреварувања, па токму затоа големо е разочарувањето откако оваа врвна атлетичарка го освои само четвртото место во фрлање на диск на Олимписките Игри во Токио. Хрватска броеше „сигурен медал“ од Перковиќ на овие ОИ, но таа не успеа да одговори на предизвикот, симнувајќи се од тронот во својата категорија што го зазеде со златтните одличја во Лондон во 2012 и во Рио де Жанеиро во 2016 година.

Најдоброто фрлање на Перковиќ беше со далечина од 65,01 метар, далеку под оние 69,21 метри со кои го освои златото пред пет години во Рио. Мора да се истакнат и проблемите кои ги создаде дождот, поради кој натпреварувањето накратко беше и прекинато откако дел од атлетичарките се лизнаа пред исфрлањето на дискот.

Нова олимписка шампионка е Валери Алман од САД, со фрлање од 68,98 метри. „Сребрена“ во Токио е Кристин Пруденц со 66,86 метри, нејзин рекорд во кариерата, додека третото место и бронзениот медал завршија кај Јаиме Перез од Куба, со фрлање од 65,72 метри.

Се вчитува...