Хрватите го бранат Јокиќ: „Е*ете се вие и вашата МВП награда“

Добар дел од кошаркарската јавност се согласува со мислењето дека Никола Јокиќ е оштетен во изборот за МВП на НБА.

Јокиќ не успеа да стане само четвртиот играч во историјата, по Бил Расел, Вилт Чембрлејн и Лери Брд, со три последователни МВП награди.

По две последователни МВП сезони, Јокиќ овојпат заврши на второто место во гласањето, многу поблиску до третопласираниот Јанис Адеоткумбо од победникот Џоел Ембид во вкупните поени.

Хрватските медиуми распалија по НБА лигата, а најгласен беше новинарот на хрватски „Индекс“ Тони Хорват кој објаснува како еден новинар не му дал ниту поен на Јокиќ.

„Се разбира, не беа петте, седумте или десетте поени што тој „требаше“ да ги даде тие што го решија победникот, но секако е најекстремниот пример што ја поткрепува тезата дека многу новинари не гласале за Ембид толку колку против Јокиќ. Едноставно го направија тоа посуптилно. Ембид се самопромовира, Јокиќ се згрози од самите прашања за наградата. Сегашниот наративен и историски контекст се покажа како многу поважен критериум од квалитетот на играта, изведбата и успехот на тимот, а секако дополнителна тежина на страната на Ембид беше кампањата со која тој бесрамно се рекламираше пред гласачите. Јокиќ на НБА и рече: „Е*ете се и вие и вашата награда“. Неговиот фокус не е на регуларниот дел од сезоната, тука на плеј-офот. Доколку му беше грижа, сигурно ќе се обидеше да го задржи трипл-дабл просекот, што секако ќе ја отежнеше одлуката за многу гласачи оптоварени со историски бројки, но заврши со 24,5 поени, 11,8 скока и 9,8 асистенции“, пишува Хорват.

Се вчитува...