Хрватите избраа – Анзуловиќ е нов селектор на кошаркарите

Дражен Анзуловиќ е стратегот кому Хрватите му ја укажаа довербата да ја извлече од големата криза оваа репрезентација, која се наоѓа на работ на елиминација од квалификациите за СП 2019. Ивица Скелин се покажа како тотално промашување, па по отказот што му беше врачен беше разговарано со неколку стратези, за на крајот изборот да падне на 50-годишниот Анзуловиќ.

Интересно, и Анзуловиќ и Скелин му беа асистенти на претходниот селектор Ацо Петовиќ на последните ОИ во Рио де Жанеиро, но челниците на федерацијата при избор за негов наследник најпрвин доверба му укажаа на Скелин, па дури откако ја увидоа грешката сега одговорната функција му ја доделија на Анзуловиќ.

„Искрено сметам дека нема поголема чест за еден тренер од тоа да биде селектор на својата земја, но тоа со себе повлекува и огромна одговорност. Имаме многу работа пред нас, а целта е јасна – да ја вратиме хрватската кошарка на европскиот врв. Немаме веќе време, ниту право на „кикс“ во квалификациите, но ќе се бориме се додека имаме шанси за СП“ – истакна Анзуловиќ на својата промоција.

Се вчитува...