Хрватите ја прегазија Србија, за старт на походот по златото

Хрватска ја победи Србија со во првиот натпревар на домаќиниот на ЕП во групата А во Сплит. Лино Червар и неговите „каубои“ беа изразити фаворити во балканското дерби на стартот од шампионатот, ја оправдаа оваа улога и заслужено стигнуваат до победата од 32-22.

Но, Србите кои во подготвителниот период имаа пет порази во серија, влегоа максимално мотивирано и пружија силен отпор недозволувајќи му на домаќинот да се одлепи. На пет минути пред крај на првиот дел Србите беа на еден гол негатива (10-9). Сепак, во финишот на полувремето, Хрватска го засили темпото, постигнаа четири гола во серија и на одмор заминаа со највисока преднсот од +5 (14-9).

Кризата на српската репрезентација продолжи и во второто полувреме, а Хрватите тоа умешно го искористија и за седум минути се одлепија на 19-12. Избраниците на Јовица Цветковиќ загубија ритам, направија серија брзоплети потези и серија промашувања и до крајот не успеаја да се вратат во игра. Сигурната 5-1 одбрана на Хрватска вроди со плод, па на крај „коцкестите“ триумфираа со убедливи десет гола разлика (32-22).

Фото: Vecernji.hr

Се вчитува...