Хрватите револтирани: „Дали е нормално германскиот голман по мечот да ни каже – Извинете!“

Хрватите не можат да го сокријат револтот по поразот од домаќинот Германија со кој ги загубија шансите за полуфинале на СП, и ден по дуелот во Келн.

„Ова е срамота за спортот и навистина лоша реклама за ракометот“ – вели спортскиот директор на хрватската репрезентација, Игор Вори.

Натпреварот го одбележаа дискутабилни одлуки на судиите, посебно во финишот кога се одлучуваше победникот….

„Ако после натпреварот ми пристапи Силвио Хајневетер, голманот на Германија, и вели – извинете, тогаш со тоа апсолутно се е кажано“ – открива Вори.

Легендарниот хрватски ракометар смета дека едноставно домаќинот морало да игра полуфинале…

„Не знам кому треба сето ова. Ако Германија неизбежно мора да игра во полуфинале, тогаш зошто сите се мачиме. Нека ја пуштат Германија директно во полуфинале, а ние другите да играме и да се бориме. Нема смисла“ – вели Вори.

Се вчитува...