Хрватите склопија видео: Десетте судиски грешки во корист на Германија

Хрватите не можат да се помират со поразот на клучниот натпревар со Германија, па Ракометната Федерација на Хрватска состави и видео-компилација од грешките на данските арбитри во корист на ко-домаќинот на овој Мундијал.

Од недосудени седум чекори, преку пробивања, пенали и исклучувања… Хрватите дефинитивно се оштетени, но сето тоа им е слаба утеха во ситуација кога ги загубија сите шанси за полуфиналето од ова СП.

Се вчитува...