Хрватите слават: Ждрепката го помилува Динамо – оди на Седлоски, одлична ждрепка за „модрите“ (ФОТО)

Хрватските медиуми очигледно со воодушевување ја проследија ждрепката за 2. коло од квалификациите на Лигата на шампионите, која сакаше нивниот шампион Динамо Загреб да се соочи со победникот од дуелот од 1. коло меѓу македонскиот шампион Шкупи и гибралтарски Линколн.

Буквално сите хрватски медиуми пренесуваат дека ждрепката е повеќе од поволна за Динамо кој не се очекува без поголеми проблеми да го мине било кој противник од изборот меѓу Шкупи и Линколн.

„Ждрепката го помилува Динамо, оди на Седлоски или на Линколн“ – пренесува „24 сата“.

Уште посамоуверени се насловите на Индекс и Гол.хр…

„Динамо го извлече најлесниот противник на стартот од квалификациите за Лигата на шампионите“ – пишува „Индекс“, а се дополнуваат „Јутарњи“ и „Гол.хр“…

„Одлична ждрепка за Динамо. Ги чека шампионот на Македонија или Гибралтарци“, „Многу добра ждрепка за „модрите“!“

Се вчитува...