Хрватите во транс: Ајде сите да станеме и да му се поклониме на Адеми

Аријан Адеми одигра уште еден извонреден натпревар за Динамо Загреб во Будимпешта против Ференцварош, со гол најавувајќи ја убедливата победа од 0-4. За тоа колкава е почитта на хрватската јавност кон Адеми најдобар доказ е изјавата на хрватскиот коментатор на „Арена Спорт“, Ивица Блажичко, кога Адеми го напушташе теренот откако мечот беше решен (при резултат 0-3).

„Ве молам драги гледачи, знам дека не е обичај ТВ коментаторите да даваат оценки, но станете и почнете да му аплаудирате на овој човек. Одигра зза чиста десетка и заслужи сите да му се поклониме“ – порача Блажичко во директниот пренос на „Арена Спорт“.

Се вчитува...