Гвардиола носи свој миленик во Манчестер Сити на штета на Матео Ковачиќ

Хрватскиот репрезентативец Матео Ковачиќ изминатото лето се пресели од Челси во Манчестер Сити по трансфер вреден 29 милиони евра, но по само една година во редовите на „граѓаните“ би можел да замине од клубот, пренесуваат англиските медиуми.

Ковачиќ одлично ја започна сезоната, но повредата која го оддалечи од теренот ја намали неговата минутажа кој во последните натпревари е и непостоечка со оглед на тоа што Хрватот во последните два натпревари против Евертон и Челси воопшто не беше во записникот.

Ковачиќ засега не е „отпишан“ од Манчестер Сити, но ќе биде доколку „граѓаните“ следното лето ангажираат миленик на Пеп Гваридола. Станува збор за Џошуа Кимих кој е пред заминување од Баерн Минхен каде во минатото имаше одлична соработка со шпанскиот стратег. Кимих беше еден од омилените фудбалери на Гвардиола во Минхен, а универзалноста на овој играч го прави идеално засилување за Пеп. Трансферот на Кимих не би требало да биде поскап од 50 милиони евра, ако се знае дека тој летово ќе влезе во последната година од договорот со Баерн.

Се вчитува...