Хрватска е прв финалист во Лигата на нации (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Хрватска е првиот финалист на третото издание на најмладото репрезентативно натпреварување на УЕФА, Лигата на нации.

„Коцкестите“ во првото полуфинале одиграно во Ротердам, славеа над домаќинот на Ф4 турнирот Холандија по продолженија со 2-4.

Холанѓаните стигнаа до водство од 1-0 со голот на Мален во 34. минута, резултат со кој се замина на полувреме. Во вториот дел Коди Гакпо неспретно стартуваше над Лука Модриќ по што беше досуден пенал за Хрватска во 55. минута кој успешно го реализираше Крамариќ.

Водство за Хрватска од 1-2 донесе Марио Пашалиќ во 73. минута, додека Холандија во 96. минута успеа да израмни на 2-2 преку Ланг.

Хрватска до ново водство стигна во 99. минута од продолженија откако стрелец на голот за 2-3 беше Бруно Петковиќ. Сите дилеми околу победникот ги разреши Лука Модриќ од пенал во 116. минута поставувајќи ги конечните 2-4.

Хрватите во финалето го очекуваат подобриот од мечот во кој се среќаваат Шпанија и Италија, а натпреварот кој ќе се игра во Енсхеде е закажан за утре во 20.45 часот.

Netherlands 2 – [3] Croatia – Bruno Petkovic 98′ (Great Goal)
by u/CivillyWalk757 in soccer

Се вчитува...