Хрватска го „преживеа“ Катар, Шпанија рутински против Тунис

Хрватска стигна до втората победа на Светското првенство во Египет, откако во 3. коло од Ц групата славеше над Катар со 26-24. Еден тврд натпревар кој го красеа одличните одбрани, на крајот Лино Червар успеа да го добие во свој стил. Марин Шего беше еден од хероите на „коцкестите“ успевајќи да одбрани дури четири пенали. Мамиќ со шест гола беше прво име кај победникот, додека кај Катарците Франкис Карол постигна седум гола.

Шпанија без поголеми проблеми го совлада Тунис со 36-30, додека Бахраин го доби ДР Конго со 34-27 и успеа за првпат во својата историја да се пласира во втората фаза на Мундијалите.

Се вчитува...