Хрватска избра нов селектор: Заедно со Хорват отказ доби и Лино Червар

Хрватската Ракометна Федерација и официјално го разреши Хрвоје Хорват од функцијата селектор на „коцкестите“, по серијата слаби настапи на оваа селекција на големите натпреварувања. За нов селектор именуван е Горан Перковац, 60-годишниот стратег кој своевремено како играч беше дел од златната хрватска генерација од ОИ во Атланта.

Откако го дочека извештајот од координаторот Лино Червар, раководството на федерацијата реши да го прифати неговиот извештај и предлогот за смена на Хорват. Сепак, изненадувачки веднаш по таа точка беше изгласано и да се укине функцијата на координатор, што значи и отказ за самиот Червар.

„На предлот на координаторот на струката, Лино Червар, Управниот Одбор едногласно го разреши целокупниот стручен штаб на машката сениорска репрезентација. Исто така, на предлог на координаторот Червар, поддржан и од потпретседателот за машки ракомет, Зоран Гобац, за нов селектор е избран Горан Перковац. Покрај тоа, укината е функцијата координатор на струката, со што Лино Червар е разрешен од должноста. Управниот Одбор го сослуша неговиот извештај за настапот на СП во Шведска и Полска и истиот не го прифати“, објави Хрватската Ракометна Федерација.

Се вчитува...