Хрватскиот селектор Хрвоје Хорват се соочува со големи проблеми во пресрет на последните квалификациски средби за ЕП откако остана без двајца ракометари поради коронавирус. Она што е интересно, станува збор за ракометари на Нексе, кои минатата седмица имаа организирана вакцинација од клубот во Белград, но добија позитивни резултати на последните тестирања со националниот тим.
Прв „позитивен“ случај беше Морено Цар, а денеска се покажа дека коронавирус има и поранешниот ракометар на Металург, Халил Јагањац. Двајцата играчи на Нексе патувале заедно со автомобил до Загреб, па се претпоставува дека Јагањац таму се заразил од Морено Цар, кој бил позитивен еден ден претходно.
Претходно, поради повреда за настап отпаднаа и Мамиќ, Хрстиќ и Шарац, па јасно е дека Хорват се соочува со сериозни проблеми за составување на екипата за овие квалификациски дуели.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА