Вечерва, во салата „Стожице“ во Љубљана се играат полуфиналните натпревари од Европското првенство во футсал, а во првото, Шпанија ја победи Хрватска со 2-1.
„Црвената фурија“ оствари капитална предност во првото полувреме со головите на Гонзалез и Мелијадо.
Хрватите постигнаа утешен гол во 37. минута, кога Ривиљос ја смести топката во сопствената мрежа. Сепак, натпреварот беше одбележан со тепачка меѓу хрватските навивачи на трибините, кои го сочинуваа мнозинството од 6.456 присутни гледачи на трибините.
По водството на Шпанија од 2-0, дојде до немири и физичка пресметка меѓу хрватските навивачи и обезбедувањето во салата.
Прво, тие фрлаа чаши на теренот, па играта беше прекината, а потоа дојде до тепачка што доведе до уште еден прекин.
Сепак, натпреварот продолжи, а Хрватска не успеа да избегне елиминација и да се пласира во финалето.
Во второто полуфинале, од 20:30 часот, се среќаваат футсал играчите на Франција и Португалија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

