Хуан Фелипе на мета на португалска Боависта!

Најдобриот вардаров фудбалер, бразилскиот интернационалец Хуан Фелипе е на мета на славната португалска Боависта.

29-годишниот Фелипе зад себе има извонредна 2017 година во дресот на Вардар по што веднаш го привлече вниманието на неколку европски клубови кои, според нашите информации, се заинтересирани да го видат во своите редови. Фелипе на крајот од претходната сезона потпиша нов договор со Вардар до 2020 година, поради што и дефинитивно е јасно дека клубовите кои го сакаат во своите редови ќе мора добро да го одврзат ќесето.

Боависта е, како што дознаваме, еден од два клуба од Португалија кои сe заинтересирани за фудбалерот од средниот ред на Вардар. Боависта е поранешен шампион на Португалија од сезоната 2000/2001.

Добро е познато дека претходно и од раководството на дански Копенхаген, по двете меѓусебни пресметки во квалификациите за Лигата на шампионите, отворено истакнаа интерес за најдобриот вардаров фудбалер.

Сериозни промени го очекуваа македонскиот шампион во јануарскиот преоден рок доколку се реализираат трансферите на најдобрите фудбалери од тимот. Веќе е добро познато дека сериозен интерес за ангажман на Бобан Николов има од бугарскиот шампион Лудогорец, а во фокусот е и ерменскиот репрезентативец Тигран Барсегјан кој е посакуван од казахстанската Астана.

Се вчитува...