Хуан Карлос Наваро објави крај на кариерата

Легендарниот шпански кошаркар, Хуан Карлос Наваро (38) ја заврши професионалната кариера. По 21 година на терен, од кои само една помина надвор од Барселона, Наваро реши да се повлече и тоа откако му е соопштено дека во Барса повеќе не сметаат на неговите играчки услуги.

Легендарниот кошаркар и по официјалното пензионирање останува во каталонскиот клуб и поради својата желба, но и поради договорот до септември 2027 година. Но, сега во друга улога на една од административните функциите во клубот.

„Ла Бомба“ за првиот тим на Барселона играше 20 години, во два периоди 1997-2007 и 2008-2018, со каталонскиот тим има освоено вкупно 35 титули и е најуспешен кошаркар во историјата на Барселона. За Барселона има рекордно 560 настапи ирекодни 7353 поени.

Во единствената сезона што ја помина надвор од Барселона (2007/2008), Наваро настапуваше во НБА за тимот на Мемфис гризлис.

Во својата репрезентативна кариера со шпанскиот национален тим, Наваро беше европски и светски шампион и има три олимписки медали, сребро од ОИ 2008 во Пекинг и од ОИ 2012 во Лондон и бронза од ОИ 2016 во Рио.

Се вчитува...