Хуан Мата апелира: Ве молам останете смирени…

Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Хуан Мата го повика фудбалскиот свет да остане мирен и да им верува на стручните лица во битката со Ковид-19.

Манчестер јунајтед ги откажа тренинзите поради што фудблерите добија индивидуални тренинг програми за да бидат дома. Преку видеозапис, Мата ги повика сите да останат мирни и да ги слушаат препораките на своите државни органи, насекаде во светот.

„Добро минуваме. Секако, дома сме и се трудиме да ја одржуваме формата. Но тренирам на сите можни начини, работиме домашни вежби… Може да порачам да останеме мирни и да имаме трпение. Да се биде трпелив и смирен е единственото нешто што мора да го направиме во овој момент. Верувајте им на стручните лица додека повторно не дојде време да се вратиме на фудбалот и нормалниот живот“ – порача Шпанецот.

Се вчитува...