Хуан Мата се сели во Саудиска Арабија?

Шпанскиот интернационалец Хуан Мата би можел да го напушти „Олд Трафорд“ и да замине од Европа. На негова адреса пристигнала богата понуда од Саудиска Арабија според која би заработувал 16 милиони евра по сезона. Тој нема голема минутажа во Манчестер Јунајтед, а на неговите 32 години би заработил огромна сума.

Мата пристигна на „Олд Трафорд“ во 2014 година и имаше забележителна улога, но откако Сослкјер го презеде кормилото се почесто се наоѓа на клупата за резервни фудбалери.

Се вчитува...