Хулигани од Манчестер ја нападнаа куќата на Ед Вудворд: „Ќе умреш!“

Група од околу 30 маскирани хулигани синоќа со пиротехнички материјали и димни бомби ја нападнаа куќата на извршниот потпретседател на Манчестер јунајед, Ед Вудворд.

Англиските медиуми тврдат дека станува збор за групата „Луѓе во црно“, екстремна група која функционира во рамките на навивачката целина на Манчестер јунајтед. Биле исфрлени неколку димни бомби во дворот од куќата на Вудворд, притоа сето тоа испратено со скандирања: „Ќе умреш“, на тој начин сакајќи да искажат незадоволство од актуелната ситуација во клубот. Ова е продолжение на континуираниот притисок кој навивачите го вршат над раководството на клубот.

„Клубот знае за нападот на домот на еден од нашите вработени. Убедени сме дека фудбалскиот свет ќе се обедини и ќе застане со поддршка за нас по овој инцидент. Секој за кого се утврди дека учествувал во инцидентот ќе добие доживотна забрана за натпреварите на Јунајтед. Едно е да се изрази свое мислење, а друго е криминално однесување и загрозување безбедност на луѓето. За тоа нема никакво оправдување“ – се вели во официјалното соопштение од Манчестер јунајтед издадено доцна синоќа.

Навивачите како директен виновник за катастрофалната клупска политика и резултатите на тимот последните години го обвинуваат Ед Вудворд. Тој е главен оперативец на клубот од 2013 година. Манчестер јунајтед токму од 2013 година не е воопшто конкурентен во битката за титула во Англија.

Се вчитува...