Хулио Рибас: Ние сме полуаматерски тим, и задоволни сме што парираме…

ЕКИПА во Гибралтар,

Владимир Булатовиќ

Македонија со 0-2 славеше на гости против Гибралтар во првото коло од Лигата на нации, а селекторот на домашната селекција, Хулио Рибас, е задоволен што сепак добро им парираа на нашите фудбалери. Тој е реален, и вели дека Гибралтар е сепак полуаматерски тим.

„Ние сме нов, млад тим, полуаматерски и сигурно дека сме задоволни кога вака парираме на едни квалитетни европски селекции. За нас е најважно што успеавме да задоволиме пред домашната публика, што игравме, што покажавме дека во иднина со многу работа може и далеку подобро да се претставиме во Европа. Ова беше уживање за сите нас, со убава атмосфера, прв историски натпревар на домашен терен и тоа многу ни значи“, изјави Хулио Рибас на прес – конференцијата по мечот.

Се вчитува...