Хусмани стрелец за Домжале во поразот од Олимпија

Македонскиот фудбалски интернационалец Зени Хусмани беше стрелец на погодок за својот тим Домжале во поразот против Марибор (1-2) во словенечкото фудбалско првенство. Тој погоди во судиското продолжение од мечот, ублажувајќи го поразот.

Марибор поведе во првото полувреме со 0-2, со головите на Кронаветер и Вомбергар. Агим Ибраими исто така беше стартер во составот на Домжале и настапи до 72.минута, кога на негово место во игра влезе Николсон.

Се вчитува...