И Арсенал убедлив против Лидс (ВИДЕО)

Продолжува агонијата на Лидс јунајтед сезонава во Премиер-лигата. По срамот кој го доживеаја од Манчестер сити (7-0), вечерва избраниците на Марсело Бијелса загубија на домашен терен од Арсенал со 1-4.

Мартинели со два гола во 16. и 28. минута донесе брзо водство од 0-2, додека до крајот на првото полувреме Сака зголеми на 0-3 во 42. минута. До крајот на мечот домаќините намалија на 1-3 со голот на Рафиња во 75. минута, додека конечните 1-4 ги постави Смит Роу во 84. минута.

 

 

 

 

Се вчитува...