И Баерн Минхен го „мерка“ Ракитиќ

Иван Ракитиќ на одличната сезона во дресот на Барселона се надоврза со фантастични настапи на СП во Русија, па неслучајно најголемите европски клубови покажуваат сериозен интерес за да го доведат Хрватот во своите редови. ПСЖ е сериозно заинтересиран за Ракитиќ, а според последните информации во трката по овој фудбалер се вклучува и Баерн Минхен.

Нико Ковач има исклучително високо мислење за својот сонародник и веќе побарал тој да биде донесен на „Алијанц арена“, за Баерн да има уште поголеми шанси во атакот на трофејот во Лигата на шампионите. Проблем е што Барселона не е заинтересирана за продажба, па каталонците и на „светците“ и на баварскиот гигант им испратиле идентична порака – кој го сака Ракитиќ, ќе треба да ја плати клаузулата во висина од 125 милиони евра.

Баерн досега не трошеше богатство на трансфери, а челниците на баварскиот гигант дури и јавно ги исмеваа клубовите кои плаќаа над 100 милиони евра за еден фудбалер. Сепак, извори од управата на Баерн тврдат дека ситуацијата би можела да се промени само доколку претходно биде продаден Тијаго Алкантара на Реал Мадрид, трансфер од кој германскиот шампион би заработил околу 70 милионии евра, па потоа Ракитиќ би пристигнал како замена за Шпанецот.

Се вчитува...