И без Несторовски: Палермо со Трајковски е неприкосновен во „Серија Б“

Екипата на Палермо стигна до значајни три бода не незгодното гостување против Читадела, славејќи со минимални 0-1 благодарение на голот на Фалети во второто полувреме.

Сицилијанскиот клуб се уште е без помошта на повредениот Несторовски, но затоа вториот македонски ас, Александар Трајковски, е незаменлив во таборот на Палермо. Тој ги одигра сите 90 минути и беше асистент при голот за победа, со што имаше значајна улога во денешниот триумф, десетти за сицилијанците на 18. меч сезонава.

Со овие три бода Палермо уште повеќе се зацврсти на првото место на табелата, сега со пет бода предност во однос на Бреша и Пескара, кои се наоѓаат на делба на втората позиција.

Се вчитува...