И Борис Џонсон навива за побрзо враќање на Премиер-лигата

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон бил вклучен во планирањето на продолжението на фудбалот во Англија. Тој бил известен за плановите и идеите за тоа како би можело да биде завршена фудбалската сезона. Владата го поддржува враќањето на фудбалот како начин за подигање на моралот кај нацијата која се соочи со жесток удар на коронавирусот.

Сепак, враќањето на премиерлигашкиот фудбал нема да оди лесно. За да почне повторно да се игра ќе треба да бидат исполнети неколку услови. Пред се мора да биде намалена бројката на починати и новозаразени од COVID-19. Потоа фудбалот, а и спортот воопшто ќе треба да се согласи да бидат исполнети високи критериуми кои подразбираат одржување на социјалната дистанца и спречување на инволвираните да се заразат од коронавирусот. Дополнително честите тестирања ќе биде еден од главните услови. Тестовите ќе мора да бидат платени од клубовите или од спортските федерации.

Дополнителна грижа е тоа што луѓето би се групирале за да гледаат фудбал и поради тоа од Премиер-лигата е побарано дел од натпреварите да бидат емитувани и на слободни телевизии, а не само на оние со претплата. Исто така на клубовите ќе им биде дозволено да ги прикажуваат мечевите на нивните сајтови. Двете домашни телевизии кои ги имаат откупено правата за емитување на натпреварите од Премиер-лигата, а кои имаат платено 421 милиони фунти за преостанатите средби не се согласуваат да ги емитуваат така што би биле слободни за гледање за целата популација.

Се вчитува...