И бугарските спортски клубови не успеаја да останат „необземени“ од бугарската политика со силен антагонизам кон Македонија.
Жално, кога се работи за спортот. Па, така бугарскиот фудбалски клуб Пирин се одлучи да откаже веќе договорен пријателски натпревар со Скопје во Благоевград, откако навивачите на тој клуб побараа да се откаже натпреварот затоа што било „неблагодарно да се игра пријателски натпревар, со клуб од држава која шири анти-бугарство“.
„За нас е недозволиво да играме пријателски натпревар со ФК Скопје поради последните случувања во РСМ. Ширењето на омраза кон Бугарија, бугарштината и бугарскиот народ треба да има свои последици. Нашите браќа на Западот од нас треба да разберат дека Бугарија и Бугарите не се нивни непријатели. Како и да е, однесувањето на одредени граѓани мора да биде санкционирано. Затоа, ние фановите на Пирин застануваме зад Бугарите во РСМ во знак на солидарност и поради репресијата на кои се подложни, бараме откажување на контролниот меч. Вето, санкции и целосно игнорирање, додека не се научат да не почитуваат“ – велат од навивачката група на Пирин.
Од таборот на Скопје најавуваат закажување пријателски натпревар со друг противник низ подготовките за пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА