И Челси со „лекција“ за Арсенал (ВИДЕО)

По Брентфор кој го победи со 2-0, и Челси во 2. коло од Премиерлигата со идентична лекција за Арсенал славејќи на гостувањето против „топчиите“ со 0-2.

Само половина час игра беше доволно тимот од „Стемфорд бриџ“ да си ја осигура победата.

Најпрво Лукаку постигна гол за водство од 0-1 во 15. минута, а потоа Џејмс ги заокружи конечните 0-2 во 35. минута.

Челси по воведните две кола е со исто толку победи во Премиерлигата.

Се вчитува...