И Чиро Имобиле во скандалот со местени натпревари кој ја тресе Шпанија

Шпанските медиуми веќе отворено ги пишуваат имињата кои се сомничат како дел од групата организатора на местените натпревари во Ла Лига. Под посебна лупа е натпреварот на Валенсија во борбата за Лигата на шампионите.

Во скандалот е вмешан и италијанскиот репрезентативец и напаѓач на Лацио, Чиро Имобиле чие име се спомнува во телефонските разговори меѓу двете последни лица кои се уапсени. Еден од уапсените, наводно, отворено зборувал дека Имобиле редовно е дел од групите за договорање натпревари.

Адвокатот на Имобиле веднаш ги демантираше овие гласини.

„Категорично негираме било каква вмешаност во местење натпревари. Веќе преземаме и правни мерки против секој кој на овој начин штети на неговиот углед, имиџ и професионално достоинство“ – изјави адвокатот на Имобиле.

Се вчитува...